Движењето Еко Герила од Тетово денеска испрати реакција поради „несериозноста на Владата на РМ, со објавувањето на стратешкиот план за развивање на патната инфраструктура, каде Тетово е запоставено“.
Во својата реакција тие бараат итно ревидирање на планот и изградба на обиколница која ќе има сериозно влијание во намалувањето на загадувањето и сообраќајот.
„Патните сегменти со највискоа фреквенција на сообраќај во Македонија се Тетово-Гостивар (со 12.000 возила дневно) и Тетово-Скопје (со 11.000 возила дневно). За да се оди во правецот Тетово-Јажинце (каде дневниот сообраќај е околу 8.000 возила дневно) возилата кои доаѓаат од правцот на Скопје и Гостивар трба да поминат преку градските улици на Тетово. Со ова се зголемува загадувањето и се оптоварува сообраќајот кој е во хаотична состојба. Владата ни во планот за 2019 година ни во стратешкиот план 2019-2030 нема предвидено план за изградба на обиколницата за да ги поврзува овие патни правци“, стои во реакцијата од Еко Герила.
М. И.
This post is also available in: Albanian