Од 5 октомври, лекарите во Шетланд, Шкотска имаат овластување да им ја препишат, ни помалку ни повеќе, туку природата на своите пациенти. Се смета дека е прва програма од ваков вид во Велика Британија, која помага за да го намали крвниот притисок, анксиозноста и ќе ја зголеми среќата, особено кај оние со дијабетес, ментална болест, стрес, срцеви заболувања и многу повеќе.
Постојат предлози за природни рецепти кои ја придружуваат програмата, исполнети со забавни, шармантни, понекогаш „откачени“ предлози: во февруари, можете да направите ветроказ со кој може да се „мери брзината на ветерот”, во март можете да направите уметност од природни материјали на плажа или, едноставно, „да позајмите куче и да го однесете на прошетка“; во април можете да го допрете морето и да направите хотел со бубачки; во мај можете да го „закопате лицето во тревата“; во јули можете да „изберете два различни видови трева и навистина да ги погледнете“; во август можете да повикате црв од земјата, без да копате или да користите вода; во септември можете да помогнете во чистењето на плажата и да подготвите оброк на отворено; во октомври можете да ги „проценувате“ облаците; можете да „разговарате со пони“ во ноември, „да ги нахраните птиците во вашата градина“ во декември и да направите многу повеќе. Сè по наредба на лекарот.
Доказите за придобивките од природата на менталното и физичкото здравје се бројни. Ако потрошите 90 минути од вашиот ден надвор, во шума, ќе има намалување на активноста во делот од мозокот кој обично е поврзан со депресија. Трошењето време во природата, не само што го намалува крвниот притисок и анксиозноста и ја зголемува среќата, туку ја намалува агресијата, симптомите на пореметувањата поврзани со намалена концентрација и хиперактивноста (Attention-Deficit/Hyperactivity Disorder – ADHD), ја подобрува контролата на болката, имунолошкиот систем и низа други придобивки од кои секојдневно се открива по некоја нова.
И, како што повторно се поврзуваат со природата, луѓето ќе се поврзат со нејзиниот јазик, кој со себе носи мирен, на некој начин, институционален спомен, меморија која вреди да се сочува, додека светот се соочува со развој, урбанизација и климатски промени.
А. Петровска