Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Владата ќе донесе одлука за Иловица во вторник или следната недела

21/06/2019
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА
Постигнат договор за чистење на токсичниот отпад во Охис
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев  денеска  најави дека овој или следниот вторник Владата ќе ја донесе конечната одлука за иднината на рудникот Иловица,  одговарајќи на новинарско прашање во врска со протестите на населението на Штука и на Иловица против рудникот и барањата да му се укине концесијата на „Еуромакс Рисорсис“.

„Ако се биде завршено можно е овој вторник да се донесе одлуката, ако не следниот вторник зависи од правно формалниот аспект на процедурите низ помошните владини тела“, одговори Заев на новинарско прашање.

Одлуката треба да ја донесе Владата, рече Заев, но не сакаше да ја коментира самата одлука, затоа што, како што рече, ќе ја образложи со сите детали. Тој дополни и дека знаат и граѓаните и концесионерите, правно формалните можности не се исполнети.

Најавата за скорешна разврска на случајот Иловица, кој подолго време предизвикува незадоволство кај локалното население од струмичките села во близина на локацијата на неотворениот рудник, директно од премиерот Заев доаѓа после подолг молк на Владата околу судбината на овој проект кој од самиот почеток предизвикаа бројни контроверзи, а против него беа одржани и два локални референдума во 2017 година.

До сега, Владата беше воздржана околу својот став дали ќе му ја одземе концесијата за експлоатација на „Еуромакс Рисорсис“ или ќе му додели дозвола за работа. Тензиите кај локалното население зовреа неделава, кога археолозите на струмичкиот Завод за заштита на споменици и Археолошки музеј, финансирани од „Еуромакс Рисорсис“ почнаа со археолошки ископувања на просторот на идниот рудник, со тоа подгревајќи ги стравувањата дека претстои скорешно отворање на рудникот.

Денес градоначалникот на Босилово, Зоран Зимбаков на својот фејсбук-профил објави дека Владата донесла одлука и дека рудник во струмичко нема да има, што беше пренесено од некои медиуми.

Извор: Мета

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW