Околу 60 илјади граѓани на Македонија може да се нахрнат од храната која завршува на депониите.
Над 12 илјади тони употреблива храна завршува на депониите. Владата ја усвои информацијата за изготвување на Закон за донирање на вишокот на храна.
Според предлозите на работната група храна која е наменета за донирање е онаа храна која е ставена во промет и е непродадена, храна на која и се приближува рокот на употреба, неискористена храна од угостителски објекти, судски конфискувана храна која е безбедна за употреба. Законот предвидува компаниите кои ќе донираат да имаат даночни олеснувања.
Работната група разговарала околу начинот кој ќе биде задолжен за дистрибуција на храната и кој се ќе може да зема храна. Дали тука ќе бидат оние кои земаат социјална помош или и граѓаните со ниски примања.
Предлозите во законот не предвидуваат како донатори на храната да бидат домаќинства.
До петти август Агенцијата за храна и ветеринарство до Владата треба да достават нацрт закон за донирање на вишок на храна.