Турскиот фотограф Угур Галенкуш веќе неколку години работи на неверојатен проект „Паралели“ во кој тој собира контрастни фотографии од најразлични страни на светот чија цел е да ги прикаже огромните разлики на двете страни на светот.
Создавајќи ги своите колажи, Галекуш всушност прикажува еден паралелен универзум, каде се истакнати катастрофалните разлики меѓу мирниот и стабилен свет од една страна и ужасната ситуација на луѓето коишто живеат во зоните кадешто постојано има воени конфликти. Неговите колажи, односно, суровата реалност предизвикуваат морници.
Девојка бегалец го набудува зајдисонцето во кампот за бегалци Дибага. Ирачаните фатени во крстосницата на Исламска држава бегаат во бегалските кампови близу Мосул. Конфликтот зад себе остави длабоки лузни во психата на децата. Август, Ирак 2016 година.
Глобално затоплување
„23 април беше прогласен за Ден на децата од Ататурк, основачот на модерна Турција. Мислам дека е првиот ден на славење на децата на Земјата. Мирот и љубовта се можни само ако имаме емпатија и образовани деца кои го живееле своето детство. Размислете за тоа. Среќен ден на децата“ – Галенкус.
Момче од Сирија седи на уништен тенк. Сирија, 2015 година.
„Игра на дронови“
Дете борец со оружје во воениот центар за обука за време на граѓанската војна во Либерија.
Децата на раселените сириски семејства ги користат тротоарите како перници во Ербил. Ирак, 2013 година.
Волонтерите им помагаат на мигрант и неговото бебе кои се надеваат дека ќе преминат во Европа, откако пристигнале на брегот на грчкиот остров Лезбос.
Во декември 2005 година, Јужен Судан. Момче пие вода од реката Акуем, во близина на селото Малуал Кон во државата Бахр ел Газал. Само околу една третина од населението има пристап до безбедна вода за пиење, а заканата од заболување предизвикана од вода се зголеми со тоа што градовите се пренаселуваат како резултат на враќањето на раселените лица и бегалците по децении граѓанска војна.
Девојчиња пишуваат пораки на бомби во артилериска единица за време на израелско-либанската војна во 2006 година. / Девојче кое поради војната мора да ја напушти својата земја, црта графити на ѕидот во бегалскиот камп во Грција.
М. Ивановска
This post is also available in: English