По повод Денот на рударите, 28 август, дел од политичарите присуствуваа на разни свечености и одбележувања на празникот.
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска вчера беше во Пробиштип, каде потсети на исполнетото ветување на МТСП и Владата за намалување на старосната граница за пензионирање на рударите со измените на Законот за пензиско и инвалитско осигурување.
„Ветивме и реализиравме намалување на старосната граница за пензионирање на рударите коишто работат во подземен коп и досега според овој Закон во пензија се заминати 51 рудар од кои 8 се во Пробиштип. Со законските измени коишто се на сила од крајот на минатата година рударите остваруваат право на пензија со навршување на 40 години пензиски стаж за мажи, односно 35 години пензиски стаж за жени. Тоа значи дека ако претходно рудар се пензионира со навршени 58 години, со новото решение се пензионира на околу 50 години. Со овие законски измени се излегува во пресерет на долгогодишните барања на рударите“, рече Царовска.
Премиерот Зоран Заев, пак, денеска е присуствува на присуствува и ќе се обрати на настан посветен на одбележувањето на Денот на рударите и воедно одбележување на јубилејот 40 години работење на рудникот „Бучим”.
За поздрав е грижата на власта за рударството и законските измени што придонесуваат за подобрување на роботничките права на рударите, но веќе на овој значаен ден за професионалците чија работа е постојан ризик по нивниот живот, да се потсетиме во какви услови работат рударите.
ЦИВИЛ, пред две години, како дел од проектните активности, направи интервју со рудар од Пробиштип, кој освен за условите за работа, направи и паралела како се работи во нашата земја, наспроти во Србија, каде, исто така, работел.
„Тука условите за работа се на многу ниско ниво, нема заштита на работниците. Тука не постои синдикат, а во Србија синдикатите се на многу високо ниво. Се води грижа за вработените. Особено рударскиот синдикат е фактор кој се слуша и во Владата и секаде. Многу работи решава синдикатот. Тука нема ни право за учество во синдикална организација, ниту се дозволува да се формира синдикална организација“, изјави рударот.
Тој, исто така, истакна дека имал голема среќа што не доживеал некоја поголема несреќа. Сепак, сопствените деца не би ги пуштил никогаш да работат во рудник.
ЦИВИЛ Медиа им го честита денот на рударите и порачува властите да преземат уште подрастични мерки за подобрување на улсовите во рудниците, но и заштита на нивните работничкит права и бзбедност при работата.
Биљана Јордановска
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.
This post is also available in: English