„Црно и се пишува на државата. Нема иднина со 200 евра плата и со 150 евра пензија, нема никаков живот тука, особено за вас младите“, вели еден граѓанин на Кавадарци, на прашањето на ЦИВИЛ – Каква иднина ја очекува државата во однос на екологијата, зелена или црна?
„Кавадарци е најубавиот град, со најдобриот градоначалник. Сè е добро во градот, чисто е. Ако некогаш заминам во странство, повторно би се вратил тука“, вели еден кавадарчанец.
„Црна иднина ја очекува државата, бидејќи како што се одвиваат работите не верувам дека ќе стане зелена. Треба поголема едукација да се направи во однос на екологијата. Еве сега ќе почне да се вари ракија во Кавадарци, и луѓето горат што ќе најдат, стари ќебиња, стар мебел… наместо квалитетни огревни средства“, вели една кавадарчанка.
Друг граѓанин предвидува црна иднина за државата, бидејќи сите млади ја напуштија. Додека пак во однос на екологијата во Кавадарци тој истакна дека градот е чист, иако тука е Фени.
Обработка на текст: Дехран Муратов
Ангела Петровска
Камера и монтажа: Aриан Мехмети
This post is also available in: English