ЦИВИЛ разговараше со граѓан(к)ите на Струмица за тоа каква иднина ја очекува државата во однос на екологијата, зелена или црна?
Една граѓанка смета дека иднината на Македонија е зелена, бидејќи сè се обновува.
„Македонија од 1945та навака е пошумувана речиси за 50%, ако не и повеќе, позелена е. Сега имаме високи температури и доста пожари, но се справуваме колку што можеме најдобро со нив, но сметам дека тоа ќе се надмине и Македонија ќе биде уште позелена отколку што беше. Јас секогаш сум оптимист и верувам дека ќе се надмине“, вели еден граѓанин.
Друг граѓанин е песимист и вели дека иднината е црна и дека нема ништо да биде, бидејќи човекот уништува сè.
„Црна, црна, црна, три пати ќе кажам. Помладите генерации отпадот од јадењето што го јадат го фрлаат на улиците, немаат домашно воспитување. Јас не памтам некогаш да сум фрлил отпад на улиците. А во однос на политиката, најмногу ние сме виновни, бидејќи ние ги избираме „апашите“, секогаш најлошите луѓе ја водат Македонија“, вели друг граѓанин од Струмица.
Анкетата е дел од проектот „Зелена иднина“ кој ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Хајнрих Бел од Сараево.
обработка на текст: Ангела Петровска
новинар: Дехран Муратов
камера и монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Горан Наумовски
This post is also available in: English