Традиционално, почнувајќи од 2002 година, од 16 до 22 септември се одржува Европската недела на мобилност. Во овој период се врти вниманието на јавноста во обидот на подобрување на јавното здравје и квалитетот на животот преку промовирање на одржлив урбан транспорт. Кампањата нуди можност на сите засегнати страни да се вклучат со практични решенија за справување со секојдневните урбани предизвици.
Оваа година, 2118 градови од над 50 држави низ Европа се приклучуваат кон активно одбележување на оваа недела, која се одржува под мотото: „Пешачи со нас“.
Здружението на граѓани, „Еко логик“ оваа недела ќе ја посвети на Вело родео турнеја почнувајќи од утре во Koчани, на 17 септември во Делчево, во среда во Неготино на 19 септември во Велес, а на 21 септември, сабота, во Скопје.
Централниот настан во Скопје, ќе биде исполнет со повеќе активности: Вело полигон (бавна трка, баланс, безбедност, вештини, сигнализација, контрола, тргнување…),Вело меморија, Еко квиз, работилница за поправка на велосипед… Настанот е од отворен карактер и ќе започне во 11 часот, а право на учество имаат сите ученици кои имаат желба да возат велосипед, како и активно и едукативно забавуваат.
Во сите градови, каде ќе биде реализирана Вело родео турнејата, присутните ќе имаат можност да се пријават на акциите на локалните групи за чистење, на штандот „За чисто како дома исто“ – кампања за поддршка на еко-активизмот на Делегацијата на Европската Унија.
Вело Родео е дел од проектот „Вело Училишта“, проект поддржан од Швајцарската Агенција за развој и соработка. Вело Родео како дел од Вело Училишта е поддржан и од Делегација на Европската Унија во Република Северна Македонија.