ЦИВИЛ во општините Вевчани, Струга, Охрид, Ресен, Битола, Новаци, Могила и Прилеп, утре и задутре ќе го промовира проектот „Зелена иднина“, кој огранизацијата го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел – Сараево.
На инфо-штандовите на ЦИВИЛ, граѓанките и граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со целите на проектот, но и да ги споделат своите размислувања, ставови и предлози за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот. Во Прилеп, во градската библиотека „Борка Талески“ е предвидена работилница „Каква Македонија сакам?“, која исто така е дел од проектот Зелена иднина. На работилницата ќе биде презентиран проектот на ЦИВИЛ кој се спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел. Во работниот дел на овој настан, ќе се отвори дискусија за можностите . Понатаму, посебно внимание ќе се посвети на зелените иницијативи и стратегии, како и на прашањата поврзани со промоцијата и практикувањето на европските вредности и зелените алтернативи, во пресрет на процесите за интеграција на Македонија во ЕУ.
ЦИВИЛ на овие работилници ги поканува сите заинтересирани граѓански организации, зелените иницијативи, политичките партии, медиумите, активистите и заинтересираните граѓанки и граѓани.
Од ЦИВИЛ ги повикуваат сите заинтересирани граѓанки и граѓани, кои сакаат да ги споделат своите размислувања на овие теми и имаат идеи како да придонесат за Зелена иднина, да напишат порака на фејсбук страницата на организацијата. Тимот на ЦИВИЛ е постојано отворен за директна комуникација на бројните инфо-штандови во Скопје и низ целата држава.
ЦИВИЛ тим за комуникации
This post is also available in: Albanian