Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Климатските промени го намалија производството на мед

26/09/2019
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА
Климатските промени го намалија производството на мед
Share on FacebookShare on Twitter

Неповолните климатски услови се одразуваат на произведените количини мед и пчелни производи коишто во континуитет се намалуваат. Малите количини мед се главниот проблем за извоз на овој производ и покрај побарувачката и високите оценки за неговиот квалитет.  Тоа се дел од оценките на производителите на мед присутни со штандови на 15. манифестација „Денови на македонскиот мед“, што традиционално се одржува на ул. „Македонија“ во Скопје.

Како што изјавија изложувачите, порано произведувале 30 килограми од кошница, а сега количината е значително намалена.

Имаат проблем со пласманот,  затоа што, како што велат, не произведуваат големи количини. Ги продаваат во локалните места, а дел од нарачките ги доставуваат со карго. Дел од производителите на мед извезуваат во соседните земји.

Субвенциијата  од државата по кошница мед сега изнесува  800 денари.  Можности за подобар пласман производителите гледаат со здружување.

На штандовите на ул. „Македонија“ од денеска до недела можат да се вкусат и купат мед, прополис и производи од мед.

Организатор е пчеларското здружение „Матица “ од Скопје, а покровители се Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Град Скопје и Општина Центар.

Манифестацијата се одржува под мотото „Козумирајте пчелни производи за убав ден и здрав живот“.

Според последните статистички податоци, во земјава се евидентирани над 4.135 пчелари и деловни субјекти кои одгледуваат 73.960 пчелни семејства или 2,8 кошници на квадратен километар, а годишно се произведуваат 688.000 килограми мед или околу девет килограмиг мед по кошница.

Македонскиот граѓанин троши само 0,5 килограми мед годишно во споредба со жителите на Словенија или Грција кои трошат 1,2, односно 1,6 килограми годишно по глава на жител.

извор: МИА

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW