Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Во функција пет мерни станици за ПМ10 честички, тендер за уште пет

01/10/2019
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА
Во функција пет мерни станици за ПМ10 честички, тендер за уште пет
Share on FacebookShare on Twitter

Сите мерни станици што мерат концентрации на ПМ10 честички, односно квалитет на воздухот, од оваа сезона треба да бидат во функција. Од десетте што беа надвор од системот, пет се во функција од петокот, а останатите пет се во фаза на набавка.

Ова го соопшти државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска одговорајќи на новинарски прашања на конференцијата „Акција против климатски промени „СЕГА!“ што се одржува во Скопје.

-Мерните станици се во фаза на ревитализација. Пет пуштивме во петокот што беа испуштени во систем, а за другите пет се во фаза на набавка, што значи дека веднаш кога ќе го завршиме процесот на набавка ќе ги ставиме во функција сите инструменти што мерат ПМ10 честички, изјави Петровска.

Во функција се мерните станици Битола 2, во Куманово, Тетово, во скопската општина Ѓорче Петров и во Гази Баба, која работи од почетокот на септември.

За останатите пет мерни станици во тек е тендерската постапка и се очекува таа да заврши на крајот на ноември, почеток на декември, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во текот на минатата зима, кога загадувањето на воздухот е најголемо, голем дел од мерните станици не беа во функција.

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW