ЦИВИЛ во Прилеп го постави актуелното прашање што не очекува во догледна иднина, каква е таа црна или зелена, во одговорите беа разочарани и револтирани, не гледајќи никаква иднина и просперитет.
„Јас планирам да заминам во Германија. Сиво е овде. не гледам иднина“, изјави еден млад прилепчанец.
„Црно. Зошто? Додека овие се на власт ништо друго не се очекува“, изјави друг прилепчанец.
„Не гледам ништо да е бело. Сè е црно. Нема добра иднина. Нема здравство, нема судство, нема услуга, во никоја институција не си добро пречекан…. Каква екологија/ Во Битола, пак, што да ви кажам, реката Драгор е полна со отпад, не знам кој го прави тоа совесни, несовесни граѓани…“, изјави една граѓанка.
„Како стојат работите, повеќе од црна. Јас сум 40 години во Швајцарија. Пред 40 години тоа што се градело овде, сега се руши…Во светот не нарекуваат ништо. КОј дргу си го сменил сопственото име“, коментира друг граѓанин.
Биљана Јордановска
Камера: Ариан Мехмети
This post is also available in: Albanian