Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Децениската неправда кон стечајците…

13/12/2019
in АКТУЕЛНО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Децениската неправда кон стечајците…
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА

На тревникот пред Собрание беа застанати, чучнати, па и легнати неколку луѓе. Лето, 2014 година. Меѓу луѓето на тревникот стоеше нашата хероина, борка за социјална правда, Лиле Стечајка, како што ја нарекувавме. Во еден миг, дојдоа неколку полицајци и побараа стечајците да си одат. Наводно, причината беше дека не се доволно бројни за да одржат протест. Беа само 17-мина.

Една полицајка неволно ја спроведуваше задачата. Се тргна на страна и тивко ми кажа дека наредбата да ги избркаат стечајците од пред Собрание тешко ѝ паѓа. И мене, ѝ одговорив, се чувствувам засегнат и погоден, јас самиот сум син на работничка што беше технолошки вишок, што во крајна линија е исто. Ние „се пријавивме“ како демонстранти. Ни зедоа лични карти. На лицата на полицајците се гледаше дека им е тешко што го прават тоа. Тој ден, сепак, имаше протест. Имаше протести многу пати пред тоа, многу пати по тој ден. Стечајците само го бараа тоа што им припаѓа, минимална социјална сигурност, додека низ Скопје никнуваа апсурдни градби и споменици кои сите нас нѐ чинеа и сѐ уште нѐ чинат милиони евра.

Правдата, сепак, стаса. Во 2017 година, со првите мерки за исполнување на дел од барањата на стечајците, почна да се решава пробллемот на кој власта на Груевски беше глува цела една деценија. А ни претходните гарнитури не се прославија со решенија на статусот на стечајците, како што ни трансформацијата на општествениот капитал не беше славна епизода од нашето блиско минато.

Во 2017 година, Лилјана Георгиевска (Лиле Стечајка) во изјава за ЦИВИЛ МЕДИА кажа дека повеќе од половината стечајци никогаш нема да ја дочекаат правдата. Починале.

Денеска, читам дека оваа децениска неправда е исправена, 12.000 стечајци добиваат по 8.200 денари до пензионирање.

Искрено се израдував. Можеше да биде многу порано, можеше да биде и многу повеќе. Но, ова е добра вест. Навистина добра вест.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW