Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Владата донесе одлука за едностран раскин на Договорот за концесија за рудникот Иловица

17/12/2019
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА
Владата донесе одлука за едностран раскин на Договорот за концесија за рудникот Иловица
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на седница донесе Одлука за едностран раскин на договорот за концесија за експлоатација на рудник за бакар и злато на локалитетот „село Иловица”, во општина Босилово.

„Со оваа одлука Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – руди на бакар и злато на локалитетот „с.Иловица”, општина Босилово од 2014 година и Анекс на Договорот од 2015 година, еднострано се раскинуваат од страна на концедентот, бидејќи концесионерот нема поднесено барање со целокупна неопходна документација за издавање дозвола за експлоатација на минерални суровини во рок од четири години по склучување на договорот за концесија за експлоатација на минерални суровини, соопшти владината прес-служба“, пренесувајќи ги информациите од вчерашната редовна 171 седница на Владата што се одржа во Куманово.

Одлуката влегува во сила наредниот ден откако ќе биде објавена во Службен весник. Од денот на нејзиното влегување во сила, укажува Владата, престанува да важи и Одлуката за доделување концесија за експлоатација на минерална суровина–руди на бакар и злато на Друштвото за производство, промет и усуги ФЕЛПС ДОЏ ВАРДАР ДООЕЛ Скопје за  локалитетот Иловица од 2012 година.

Министерот за економија Крешник Бектеши на почетокот на октомври го потпиша документот со кој беше побарана одлука за раскинување на договорот за експлоатација на рудникот Иловица Штука, откако Второстепената комисија донесе одлука со која се раскинува договорот со компанијата „Еуромакс Рисорсис“, пренесува МИА.

Во Општина Босилово пред две години беа организирани дфва неуспешни референдума во однос на изградбата на рудникот, а преку граѓански иницијативи беа организирани и протести на локалното население и еко активисти.

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW