Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

И покрај ветувањата, жичарата со шест седишта на Попова Шапка не е пуштена во употреба

14/01/2020
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА
Стоп за уништувањето на Попова Шапка
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на почетокот на скијачката сезона на Попова Шапка, жичарата со шест седишта сѐ уште не е подготвена да се пушти во употреба, и покрај ветувањата на министерот за економија Крешник Бектеши. Министерството за транспорт и врски, односно Комисијата за техничка контрола за употребна лиценца, има уште осум работни дена (до 22 јануари) да одговори на барањето на Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ) за оваа жичара. Проблемот е отежнат најмногу поради тоа што засегнатата компанија, го доставила барањето само три дена пред Новогодишните празници, а можеле да го сторат тоа уште во октомври, пишува „Порталб.мк“.

Од октомври 2019 година, кога и официјално заврши повторената постапка за жичарата со шест седишта, односно за пренамена на земјоделското земјиште во индустриско, документите за продолжување на постапката спиеле во фиоките на ЕСМ до крајот на декември. Всушност, барањето за пренамена на земјиштето од земјоделско во индустриско земјиште е завршено на 21.10.2019 година и истата е објавена во Службен Весник.

Од ЕСМ за „Порталб.мк“ велат дека „доколку сите недовршени постапки (добивање дозвола од Министерството за транспорт и врски) завршат, во втората половина на јануари 2020 година, очекуваме комерцијална употреба на жичарата со шест седишта во ски – центарот „Попова Шапка“.

По поднесувањето на барањето на 27 декември, непосредно пред празниците, сега на ред е Министерството за транспорт и врски, односно Комисијата за техничка контрола, за добивање употребна лиценца, која има рок да одговори до 22 јануари.

Од ова министерството велат дека „тие моментално проверуваат дали документацијата на компанијата е комплетна“.

Според Законот за градба, ако сѐ е во ред со документацијата, ќе се изврши увид на терен. Ако не, ќе се бара комплетирање на документацијата, што може уште да ја одолговлечи постапката. И конечно, ако сé оди добро, повторно треба да се бара дозвола од Министерството за економија за пуштање на опремата во функција.

Приказната со жичарата на Попова Шапка започнува со првиот договор за нејзина изградба потпишан на 10 март 2014 година. Уште тогаш земјоделското земјиште е пренаменето во градежно земјиште. Одлуката на Владата за ова е објавена во Службен весник бр. 190/14 од 02.12.2014 година.

Сепак, поради одложување на постапките од страна на институциите и некои други непознати фактори, изградбата на жичарата започна во јуни 2016 година. Повторно, веднаш се појавиле и други пречки. Државниот инспекторат за животна средина, заради нерегуларности, донел одлука за прекин на работите во јули 2016 година. Работата продолжила во јули 2018 година, а пуштањето во функција, дури ни денес 14 јануари 2020 година, сѐ уште не е реализирано.

извор МЕТА

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW