ЦИВИЛ и организациската единица Зелен Цивил се вклучуваат во неформалната јавна дискусија поврзана со Универзална сала. Овде говориме за објект што претставува симбол на солидарноста, изграден по земјотресот во 1963 година во Скопје, пуштен во употреба во јануари 1966 година. Низ своето повеќе постоење, Универзална сала стана еден од најважните културни центри не само на градот Скопје, туку и за целата земја.
Затоа, ЦИВИЛ е на ставот дека овој важен објект заслужува широка граѓанска дебата и одлука за неговата судбина. Потребно е да се побараат решенија за прашањата и на меѓународно ниво, а конечната одлука да биде донесена по одржување на консултативен локален референдум за судбината на Универзална сала.
Поттикнати од колумната на Сашо Орданоски „А зошто да не: градски референдум за „Универзална сала“?, ЦИВИЛ донесе одлука да поднесе иницијатива за локален референдум за Универзална сала, дали ќе се гради на нова локација, дали ќе се реставрира сегашниот објект или ќе се урива, а на негово место ќе се гради парк… За тие и други прашања поврзани со оваа тема, најдобро е да се организира референдум.
Златно Славејче, Скопје џез фестивал, Виножито, Нота Фест, концерти, претстави, големи културни, општествени и се само дел од настаните што се организира во Универзална сала. Овој објект кај луѓето буди емоции, сеќавања, идентификации со просторот и времето за многу генерации.
Од друга страна се аргументите и урбанистичките планови и желбата Универзална сала да добие уште повеќе вредност на мултимедијален центар кој ќе ги задоволува културните и духовни аспирации на граѓаните и ќе биде место во кое ќе се препознаат не само скопјани, туку секој кој е дел од културната и уметничката сцена во земјата.
This post is also available in: English