Граѓанките и граѓаните, медиуимите и сите заинтересирани лица кои ги посетија инфо штандовите на Зелениот караван на ЦИВИЛ во Тетово и Гостивар имаа можност да разменат искуства и ставови со тимот на ЦИВИЛ на тема зелени вредности, социјална правда и антинационализам.
Граѓанките и граѓаните учествуваа и во видео анкетата: „Зошто зелено? Кажи го гласно своето мислење!“.
Тимовите и активистите на ЦИВИЛ патуваат низ земјата и одржуваат повеќе настани во соработка со општините и локалните граѓански организации. Дополнително ќе се одржат работилници на тема „Зелените доаѓаат“ во Штип, Кавадарци и Скопје и денеска со почеток во 17 часот, во Анфитеатарот кај Кејот во Гостивар. Низа средби со граѓанките и граѓаните ќе се одржат и во други општини низ целата земја.
Зелениот караван ќе заврши со национална конференција посветена на зелените вредности и стратегии, како единствена одржлива алтернатива за општеството и за државата. Зелениот караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ кој се спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнирх Бел.