Граѓанките и граѓаните кои ги посетија инфо штандовите на Зелениот караван на ЦИВИЛ во Штип и Свети Николе имаа можност да разменат искуства и ставови со тимот на ЦИВИЛ на тема зелени вредности, социјална правда и антинационализам.
Граѓанките и граѓаните учествуваа и во видео анкетата: „Зошто зелено? Кажи го гласно своето мислење!“. Тимовите и активистите на ЦИВИЛ патуваат низ земјата и одржуваат повеќе настани во соработка со општините и локалните граѓански организации. Инфо -штандовите понудија информативен и едукативен материјал за тоа што претставуваат зелените вредности, како целите и заложбите на Зелен ЦИВИЛ, но и како да бидат дел од Зелената граѓанска платформа за демократија, антинационализам и зелени политички, општествени и економски алтернативи.
Зелениот караван ќе заврши со национална конференција посветена на зелените вредности и стратегии, како единствена одржлива алтернатива за општеството и за државата. Зелениот караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ кој се спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнирх Бел.