Зелен ЦИВИЛ во Тетово, Гостивар, Штип и Свети Николе го постави и прашањето за социјална правда, а ја начна темата и за национализмот.
Гостиварчани, како дел од мултиетничка заедница, се фалат со својот начин на соработка, разбирање, иако некои сметаат дека тој најмногу влијае кај младите. Што се однесува за социјалната слика во нивната општина, тие не се задоволни и сметаат дека треба многу да се работи. Дел од вината генерално ја префрлија на политичарите.
„Како не, никаде во светот нема социјална правда, овде има, никаде нема национализамо, ама овде има“, со доза на сарказам одговори еден тетовчанец на прашањето дали можеме да зборуваме за социјална правда во Тетово и постои ли национализам меѓу населението.
Штипјани и светиниколчани можеби не се соочуваат директно со нациноналистички реторики, но дефинитивно не се задоволни од социјалната слика во нивните општини.
„Многу невработени, деца, млади има, тоа е проблемот, другото не е страшно“, смета една од анкетираните граѓанки од Свети Николе.
Анкетата е дел од Зелениот караван на ЦИВИЛ посветен на промоција и јакнење на јавната свест за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети