Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Еко-герила: Прекините со водата во Тетово да се третираат во рамките на Советот за национална безбедност

26/04/2021
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА
Градот под Шара цела недела без вода за пиење

Фотографија: Арбен Зеќири

Share on FacebookShare on Twitter

Здружението Еко-Герила од Тетово упати писмо до претседателот Стево Пендаровски алармирајќи на честите прекини со водоснабдувањето во градот, кј трае два месеци а нема решение од локалната власт. Како што велат, писмото до него доаѓа и како последица на немањето одговор од премиерот ЗОран Заев за истиот проблем.

Во продолжение писмото од Еко-Герила до Пендаровски:

„Со оглед на честите прекини во водоснабдувањето последните два месеца во Тетово, како и неспособноста на локалните институции и игнорирањето од страна на премиерот да одговори на нашето барање, ви се обраќаме за да влијаете со вашиот авторитет во решавањето на овој проблем. 

 На локацијата Лешница – Шар Планина, поради лизгање на земјата во новоизградената каптажа е оштетена мрежата за водовод. На само 200-300 метри во близина на каптажата се гради една од многуте мали хидроелектрани, кои ја уништуваат животната средина на Шар Планина.

 Директорот на Државниот инспекторатот за животна средина во месец декември минатата година, предупреди дека Општина Тетово нема утврдено санитарна зона која би го заштитила изворот на водоснабдување на Тетово од можни загадувања, во кои спаѓаат и можни загадувања од градежните активности од изградбата на мали хидроелектрани на Лешница.  

 90-дневниот рок со кој Државниот инспекторат за животна средина го задолжи Општина Тетово за спроведување на одлуката за санитарна заштита не е почитуван. Бараме истрага за целиот процес на тендерирање и изградбата на водоводната мрежа во Лешница, со што ќе се утврди дали имало неправилности. 

“Ве повикуваме овој сериозен проблем кој директно влијае на животот и здравјето на луѓето во време на пандемија, да го третирате во рамките на Советот за национална безбедност за пронаоѓање трајно решение. Поради неспособноста на Општина Тетово да ги изврши работите предвидени со закон, ве замолуваме да го заштитите основното човеково и уставно право за пристап до вода. Земајќи ги предвид регионалните практики за забрана на овие хидро-централи, ве молиме разгледајте ја можноста за слично законско уредување“. 

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW