Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Националните комисии за УНЕСКО на Северна Македонија и Албанија на прв заеднички состанок во Охрид

12/07/2021
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА
Општина Охрид: Хотелот во с. Лагадин не е закана за екосистемот на Охридско Езеро
Share on FacebookShare on Twitter

Националните комисии за УНЕСКО на Република Северна Македонија и на Република Албанија денеска во Охрид треба да ја одржат првата заедничка седница. Работната средба, како што е најавено, ќе ја координираат министерките за култура на двете земји,  Ирена Стефоска и Елва Маргарити, кои се и претседателки на националните комисии за УНЕСКО.

Седницата е посветена на идната координација во контекст на заедничкото управување со Охридскиот регион, во согласност со насоките од последниот извештај на Реактивната мисија на УНЕСКО. На средбата, според најавите, ќе учествуваат и министерот за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија, Насер Нуредини како и неговиот албански колега, министерот за туризам и животна средина, Бленди Клоси.

На седницата ќе се дискутира за Нацрт-одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО за „Природното и културното наследство на Охридскиот Регион“, а ќе бидат дефинирани и приоритетите и следните чекори за заедничко дејствување, како и потпишување на заедничка изјава во насока на зачувување на статусот на светско наследство на Охридскиот Регион.

Министерките за култура Стефоска и Маргарити, на состанокот ќе потпишат и Програма за соработка во областа на културата за периодот од 2021 до 2026 година.

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW