Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Протести поради запалена депонија во Буково кај Охрид

17/07/2021
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА
Депонија на излезот од Јегуновце
Share on FacebookShare on Twitter

Жители на околните села во близина на планинскиот превој Буково денеска протестираа против работењето на депонијата „Буково“, притоа блокирајќи го пристапот на камионите и механизација на депонијата. Тие велат дека се револтирани затоа што отпадот на депонијата гори, притоа се шири непријатна миризба која не само што е тешко поднослива туку, како што велат, опасна по нивното здравје.

Демонстрантите бараат да се затвори депонијата „Буково“ каде се одлага отпадот од Охрид, Ресен и населените места од регионот, со најава дека ќе го блокираат пристапот до локацијата се додека не се санира односно не биде изгаснат пожарот што тлее и го загадува воздухот. Жителите од околината на депонијата се жалаат дека во нивниот крај е зголемен бројот на починати од малигни заболувања и тоа го поврзуваат со депонијата.

„Селото Крушје е многу погодено од загаденоста од депонијата. Ваква загаденост не е видена, не се дише. Ова е неподносливо, многу луѓе се заболени, стоката исто така, пчелите,“ изјави на протестот Томе Стојчески од ресенското село Крушје.

Демонстрантите најавија дека во наредните денови ќе дежураат околу пристапот кон депонијата, за да спречат дотур на отпад се додека не се најде решение за нивниот проблем. Непријатна миризба од депонијата кога гори понекогаш се чувствува дури и во Охрид, а е на дваесеттина километри оддалеченост од Буково.

Неготино – градот на грозјето под закана да стане град на отпадот

Проблемот со комуналниот отпад од Охрид, Ресен, Струга и целиот Југозападен регион требаше да се реши со изградба на современа инсталација за преработка на отпадот, но планот таква фабрика да се гради во атарот на селото Годивје во Дебрца населението го отфрли на референдумско изјаснување.

Тој проект веќе е напуштен, а решавањето на проблемот со одлагањето на отпадот и негова преработка ќе се бара со изградба на инсталација за преработка на отпадот на друга локација.

РСЕ

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW