Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Влада: Се укинува дополнителната акциза на дизелот, го штитиме стандардот на граѓаните

19/07/2021
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА
Влада: Се укинува дополнителната акциза на дизелот, го штитиме стандардот на граѓаните
Share on FacebookShare on Twitter

Сe укинува дополнителната акциза на дизел горивото со што граѓаните ќе плаќаат два денари пониска цена. Целта е да се заштити стандардот на граѓаните преку утврдена варијабилна акциза која зависи од цената на светската берза, стои во соопштението на Владата.
Со измените што се направени во Законот за акцизите во април годинава осигурено е да нема висок раст на цените на горивата, така што е ставена варијабилна маргина која е поврзана со цената на барел нафта на светската берза. Така, ако цената на нафтата на светската берза расте, оваа маргина ќе се намалува што ќе влијае на крајната цена на горивата кај нас.

Според законското решение дополнителната акциза од три денари кај бензините е предвидена доколку цената на светската берза е под 390 долари за тон, ако е помеѓу 390 и 590 долари за тон дополнителната акциза изнесува 2 денари и ако е над 590 долари за тон тогаш дополнителната акциза е 0 денари, односно се укинува.

Кај дизел горивото и екстра лесното масло за домаќинство е предвидено дополнителна акциза од 3 денари ако цената на светската берза е под 400 долари. Дополнителна акциза од 2 денари е предвидена за дизелот кога на светската берза е меѓу 400 и 600 долари за тон и доколку цената на светската берза е над 600 долари таа изнесува 0 денари.

Согласно законското решение создадени се услови за укинување на дополнителната акциза кај дизел горивото, за што Регулаторна комисија денеска ја донесе одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтени деривати и горива за транспорт. Претходно беа исполнети условите за укинување на дополнителната акциза кај бензините.

Сите мерки што Владата ги презема се во насока на заштита на здравјето на граѓаните, на поддршка на стопанството, како и ранливите категории граѓани и се донесени во консултација со сите релевантни општествени чинители. Притоа особено се внимава во услови на пандемија која го зафати светот, соодветно да одговориме за намалување на последиците.

Во таа насока се и мерките донесени во шесте пакети антикризни мерки, а во таa насока е и намалувањето на ДДВ кај електричната енергија за домаќинствата.

Состојбата се следи постојано и доколку има потреба се реагира соодветно.

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW