Во однос на социјалната правда, лицата со попреченост се обесправени. Се бележат напредоци во системските решенија, но начинот на остварување на нивните права е многу тежок. Треба да поминат безброј комисии, обновување на документите, а тие се во состојба која не се менува, може само да се влоши во текот на годините, а не да се подобрува, истакна Благица Димитровска од ИНКЛУЗИВА на завршната конференција „Зелено општество за сите“, во организација на ЦИВИЛ, во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.
„Семејствата на лицата со пореченост се изложени на дополнителни трошоци. Еден од родителите не може да работи за да се грижи за детето со попреченост.
Има граѓани кои поради нецелосна документација немаат остварено никакви социјални права или имаат само остварено некој додадок од 4.000 денари. Како може човек да преживее со 4 ијлади денари ако живее сам, кој нема некој да се грижи и да му помага?“, вели Димитровска.
монтажа: Дехран Муратов