Повеќе од 200.000 тони медицински отпад, голем дел од тоа пластика, се акумулирале во светот како резултат на пандемијата на коронавирусот, соопшти Светската здравствена организација.
СЗО проценува дека милијарди вакцини од пандемијата генерирале најмалку 144.000 тони искористени игли, шприцови и контејнери за медицински отпад.
Дополнително, само за периодот меѓу март 2020 и ноември 2021 година, ОН испорача 87.000 тони заштитна облека. Тестовите за коронавирус содржат до 2.600 дополнителни тони отпад и 731.000 литри хемиски отпад.
Заштитните маски за лична употреба не се вклучени во проценките, соопшти СЗО. Дури и пред пандемијата, СЗО предупреди дека една третина од сите здравствени установи не можат правилно да го складираат својот отпад. Дополнителниот отпад поврзан со коронавирусот претставува ризик за здравјето и животната средина на здравствените работници и луѓето кои живеат во близина на местата каде што тој се фрла, додаваат од СЗО.