На 31-ви Август во МКЦ парк, како дел од Зелената програма на јубилејното издание на фестивалот Прво па женско 10 ќе се одржат предавање, работилница и активности кои ја промовираат одржливата, еко мода и реупотребата на облека.
Во последно време сè повеќе јавно се проблематизира модната хиперпродукција, неетичките услови за работа на текстилните работници и загадувачкиот ефект по животната средина предизвикан од производството на текстил. Кој ја прави нашата облека, како и од што? – се прашањата чии одговори треба да предизвикаат бурна феминистичка модна револуција! Фестивалот во своето десетто издание реши да се придружи на оваа важна дебата и да создаде платформа за едукација, расправа и мотивација за изнаоѓање практични и одржливи решенија. ЛИНК . Притоа, на настанот ќе има простор каде ќе се разменува облека каде можат да се донесат постари парчиња облека или оние кои не се употребуваат и ќе можат да се заменат со други. Во склоп на овој дел од програмата на фестивалот, исто така се охрабрува публиката да донесе една памучна маица за Партизанска штампа да ги освежи со боите на ППЖ10, во склоп на Реупотреби со Партизанска штампа! Во 21 часот на МКЦ Плато следува концерт во чиј фокус се жени кантавторки и ќе настапат: Јоана Ристеска, Марија Каева, Сара Ренар и Теа Шалдева/Galatheia. Розовата бука никогаш не била поавтентична!
Со почеток во 18ч ќе се одржи предавањето „Зошто е модата феминистичко прашање?“ на Александра Спасеска, потоа следува работилницата со Александа Спасеска и Борјан Исајловски на тема „Како да изградите одржлива капсулна гардероба?“. Формуларот за пријавување на работилницата можете да го најдете на овој