Владата на Република Северна Македонија, на 88 седница, донесе повеќе предлог мерки за поддршка на граѓаните и компаниите, во време на економско-енергетска криза, во износ од 360,2 милиони евра.
Дел од овие средства се наменети за мерки за субвенционирање на цената на електрична и топлинска енергија за домаќинства и мали потрошувачи
Целта на овие мерки, како што соопшти премиерот Димитар Ковачевски, е директно субвенционирање на енергетските компании, планирано до крајот на годината (средства обезбедени со Предлог – Одлуката за прераспределба) и поддршка на ликвидноста на ЕСМ со кредит од ЕБРД.
На седницата, беше констатирано и дека се во тек и мерки:
– продолжување на примената на повластена даночната стапка од 5% за прометот со електричната енергија кон домаќинствата, што се однесува на сите домаќинства, корисници на електрична енергија;
-Директна финансиска поддршка за ранливи потрошувачи на електрична енергија;
-Финансирање на проектите за енергетска ефикасност за општините, преку користење поволен кредит од Светска банка, спроведен од Министерството за финансии;
-Пролонгирање на воведувањето на зелените давачки за деривати, односно еколошката такса за енергенти, што се однесува на сите домаќинства и компании, кои се корисници на енергенти;
-Ослободување од плаќање ДДВ, при увоз на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување – на увозниците на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување
– Кредитната линија за зелена транзиција од ЕИБ, со поволни услови на кредитирање на компаниите за инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, со цел стимулирање на инвестиции на компаниите во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија и долгорочна заштеда на средства преку намалена потрошувачка на електрична енергија;
-Продолжување на мерката за субвенционирање на цената на електричната енергија за регулираниот пазар (домаќинствата и малите потрошувачи).