Поставена е првата ветерна турбина во првиот приватен ветрен парк кај светниколското село Богословец. По една година од официјалниот старт на ветерниот парк веќе се гледа првата ветерна турбина, како и столбовите на останатите ветерници.
Граѓаните од Општините Свети Николе и Штип ја снимаат и фотографираат локацијата и ветерницата и ги споделуваат на социјалните мрежи.
Во источна Македонија ова е прв ветерен парк, инвестиција е во вредност од 61 милион евра. Во ветропаркот Богословец се предвидени осум турбини и моќност од 36 мегавати, кој ќе го удвои постојниот ветерен капаците во земјата и ќе придонесе кон намалување на CО2 емисите од над 87.000 тони годишно.
Во наредните 25 години ќе овозможи зелена енергија за околу 20.000 домаќинства во државата.