Земјите во развој се соочуваат со неповратна штета од климатските промени, а направија малку за да ја предизвикаат кризата. Тие сега бараат компензација од земјите што ги сметаат за одговорни: побогатите нации кои испуштаат половина од сите гасови што ја задржуваат топлината од 1850 година и создадоа загадување што опасно ја загрева планетата, пренесува Њу Јорк Тајмс.
Оваа дебата ќе биде оваа недела во центарот на 27-те Годишни разговори за климата на ОН, познати како КОП27, кои беа отворени вчера во Шарм ел Шеик, Египет. Сајмон Стил, шефот на ОН за клима, рече дека одлуката да се вклучи ова прашање на агендата „добро ветува“ за компромис до крајот на самитот.
Но, политичката волја е ограничена. САД и ЕУ стравуваат дека таквиот надомест може да стане неограничена одговорност. Минатата година, богатите нации ветија дека ќе обезбедуваат 40 милијарди долари годишно до 2025 година за да им помогнат на посиромашните земји со адаптација. Извештајот на ОН проценува дека оваа сума е помалку од една петтина од она што им е потребно на земјите во развој, поттикнувајќи ги повиците за одделно финансирање за справување со последиците од климатските катастрофи.
„Она што го бараме не е милостина, не милостина, не помош – туку правда“, рече во септември Билавал Буто Зардари, министер за надворешни работи на Пакистан.
Подготви: Д. Мишев/ЦИВИЛ Медиа