Европската Унија е подготвена да ги зголеми своите климатски амбиции, изјави денеска потпретседателот на Европската Комисија Франс Тимерманс.
– ЕУ треба да ја намали емисијата на штетни гасови со ефект на стаклена градина за најмалку 57 отсто до 2030 година, а претходно поставената цел е 55 отсто, изјави Тимерманс на Конференцијата на ОН за климата (COP27) во Египет.
Европскиот функционер ги потенцираше неодамна постигнатите договори на земјите-членки за распределба на намалувањето на штетните гасови.
Тимерманс додаде дека ЕУ се придржува до „Зелениот договор“ и во моментов бара нови извори за снабдување со гас поради руската инвазија на Украина.