„Во изминатиот период, во нашата институција се правеа напори за транспонирање на Европското законодавство во нашата регулатива, и скрининг процесот, кој беше во текот на јуни, во Брисел, покажа дека во добар дел од Европското законодавство, е транспонирано во нашите закони, но, постојат и многу сегменти на кои треба да напорно и во континуитет да се работи“, посочи заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Христина Оџаклиеска, на панелот на ЦИВИЛ на тема „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“.
„За мене, зелената агенда е реалност, не само што е реално потребна, треба сите напори да ги насочиме кон остварување на сите цели за одржлив развој. При тоа, економски и социјален развој кој ќе ги почитува принципите за заштита на животната средина. Делови од зелената агенда, впрочем се и дел од програмата на владата. Во моментов, во нашата институција се изработува и национален акциски план за спроведување на зелената агенда.
Овој план содржи неколку основни столбови, чии политики, во насока на спроведување на политиките на Зелената агенда се содржани во акцискиот план. Зборуваме за декарбонизација, или зелената енергија, циркуларна економија, борбата со аеро загадувањето, одржливо производство на храна, и се разбира, заштита на природата и биолошката разновидност.“
Оџаклиевска се осврна и на транспонирањето на Европското законодавство во нашата регулатива и скрининг процесот од месец јуни годинава.
„Во изминатиот период, во нашата институција се правеа напори за транспонирање на Европското законодавство во нашата регулатива, и скрининг процесот, кој беше во текот на јуни, во Брисел, покажа дека во добар дел од Европското законодавство, е транспонирано во нашите закони, но, постојат и многу сегменти на кои треба да напорно и во континуитет да се работи. Во периодот што следи, се подготвува изработка на нов закон за води, понатаму, во сегментот на менаџирање со мониторингот на водните ресурси, се планира подобрување на оваа сфера. Исто така и во сферата на управување со отпадот се прават напори а искористување на добиените средства, изградба на регионални депонии, но пред се, треба да се стави акцент на искористување на отпадот како суровина“, вели Оџаклиеска.
камера и монтажа: Ариан Мехмети