ЦИВИЛ – Центар за слобода е непрофитно и невладино национално граѓанско здружение, активно во полето на човековите права, мирот и контролата на оружје, основано на 25 ноември, 1999 год. Неформално, организацијата е активна од 1996 год.
Организацијата спроведува изборен мониторинг од 2008 година, воведувајќи нови, високо ефективни методологии на набљудување и граѓанска едукација за гласачкото право.
Во потрага по својата визија, мисијата на ЦИВИЛ е: активно промовирање и одбрана на човековите права и слободи; одржлив мир и придонес кон процесите на помирување; креирање планови за ефективна контрола на оружје; социјална правда и слобода на говор.
ЦИВИЛ е активен на регионално и меѓународно ниво и има спроведено над 100 проекти, вклучувајќи и бројни кампањи за јакнење на јавната свест на национално ниво, масовни јавни настани, итн.
Организацијата ужива голема видливост и доверба од сите заедници во земјата. Позната е по своите уникатни и сеопфатни методи.