Чингоски: Советот на Општина Охрид да свика итна седница за состојбата со Езерото!

Ако сме загрижени (па, макар и декларативно) за состојбата во која се наоѓа Охридското Езеро, ако сме искрени во тврдењата дека превземаме сé за неговата заштита, тогаш, зошто не се прифати алармантниот повик на еколошките друштва и стручната јавност да се произнесе, дали актуелната состојба е алармантна или не, дали има и ако има - какви се последиците, а ако има негативни последици, кој е одговорен за нив. И секако, еднаш да се заврши со злоупотребата на водата од езерото, за производство на електрична енергија.

Пишува: Владо Чингоски

Доколку надлежните молчат и се прават глуви и слепи, тогаш Советот на Општина Охрид, нека свика вонредна седница (може и редовна, оти поминаа денови, па сега може да почека езерото уште некој ден), на која ќе се повикаат стручни лица од оваа област да ги запознаат советниците, а преку нив, и пошироката јавност за актуелната состојба. Советниците да донесат заклучоци, заклучоците да ги преточат во барања за донесување на посебен закон за заштита на Охридското езеро (секако и нов билатерален договор со Албанија за заштита и искористување на водите од езерото) со што би се нормирало искористувањето на водите, но и би се предвиделе казни за злоупотребата од непланското искористување на езерските ресурси.
Секако дека на една таква седница би се лоцирала и побарала одговорност на одредени министерства, фирми па и поединци кои ја злоупотребиле, евентуалната, надлежност, а со тоа го довеле Езерото во ваква состојба.

Но, советниците треба за јавноста да обезбедат одговори и на следните прашањата за акумулацијата Шпиље:

Дали за 27 јануари 2017, според планот било 0, а пуштиле вода за производство на 84 mwh електрична енергија, за 28 јануари 2017, според планот, било 0, а пуштиле вода за 108,6 mwh, а за 29 јануари 2017, според планот било 0, а пуштиле вода за производство на 695 mwh електрична енергија.

Дали во акумулацијата Шпиље пуштиле 45% повеќе вода од планираното, а 2016-та дури 78,9% повеќе вода? Или, Глобочица пуштила повеќе 33,8%, а за 2016-та - 18% повеќе вода од планираното.

Секако дека за вистинитоста или паушалноста на овие податоци, би се побарал одговор од надлежните органи и институции уште на самата седница на Советот.

(Авторот е адвокат од Охрид)

Please follow and like us: