Славевски: Без организирани работници нема демократија!

ЦИВИЛ Медиа во Битола разговараше со Никола Славевски од партијата Левица, како едно од големиот број на интервјуа во состав на активностите во проектот „Општество без граници“. Со Славевски разговаравме за социјалната правда во Македонија, за работничките права и за синдикалните здруженија.

„Трудот во Македонија е обезвреднет. Државниот инспекторат за труд не функционира, ограничено е правото на штрајк, правото на слободно синдикално организирање. Тоа значи дека нема социјална правда и нема слобода на организирање, за понатаму да има и организации кои ќе се борат за социјална правда“, вели Славевски.

„Работничките права се кршат постојано, никој не ги штити... Синдикатот е бирократизиран и обидот на автентичните синдикати да си го вратат, беше спречен од власта“, смета Славевски, според кого, борбата за демократија е борба на најниските слоеви во општеството, а тоа се работниците.

Не може да има демократија ако нема организирано работништво, е ставот на Левица.

„Парламентарната демократија е компромис на владетелите со работништвото. Тоа е добар почеток но не е доволно“, заклучува Славевски.

Марија Теговска

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Ермин Климента

[divide]

Интервјуто е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Цел на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за „Граѓанската повелба, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.