„My Great Macedonia”: Младински миграции

Младински сојуз – Крушево како дел од иницијативата што се занимава со причините за иселувањето на младите „My Great Macedonia”, ја организира втората, јавна онлајн дискусија „Застапеноста на прашањето на миграција на младите во националните и локалните стратегии и политики“, која ќе се одржи на 28 јуни (среда), со почеток во 18 часот.

Гости ќе бидат Едмонд Адеми, министер без ресор, задолжен за дијаспората, Дона Костуранова, извршен директор во МОФ и Моника Божиновска од „Цивика Мобилитас“.

Говорниците ќе се осврнат на повеќе аспекти, како што се застапеноста на прашањето на миграцијата на младите во националните и локалните стратегии и политики, овозможување на младинско учество и дијалог за вистинските предизвици на младите, како и за причините за масовното иселување. Потоа, ќе следува можност за секој да се вклучи во дебатата и да постави прашање до говорниците.

Ова е втора онлајн дискусија од овој тип, на која ѝ претходи дискусија на една поширока тема: „Младински миграции„. Од крушевската невладина организација велат дека ќе продолжат со слични активности и секогаш ќе опфаќаат различни аспекти на процесот на иселувањето.

„My Great Macedonia” е иницијатива на Младинскиот сојуз од Крушево, поддржана од „Цивика Мобилитас“, посветена на трендот на миграција на младите, како во рамките на државата, така и надвор од неа.

За да се вклучите и да ја следите онлајн дискусијата, следете ја Фејсбук страницата на Migrate Macedonija - https://www.facebook.com/MigrateMacedonia/?fref=ts

Please follow and like us: