Стружани со нов протест ќе бараат трајно решение со депонијата

Пожарот на дивата депонија во Струга згасна, а на повидок е нов протест на граѓанската иницијатива „Доста“, најавен за 21 јуни (среда), во 18:00 часот.По серијата протести, преку кои иницијативата бараше не само дислоцирање на депонијата, туку и наоѓање решение, како Струга ќе биде прв град со селкетивен отпад, овојпат, стружани бараат долготрајно решение за проблемот со депонијата. Според иницијативата, гасењето на „огнот на смртта“ - не значи дека проблемот е решен.

„Сакаме да ги потсетиме надлежните дека сега треба да се зафатат со исполнување на барањата во целост, а барањата се:

1. До среда, одлука за наоѓање нова локација за депонија и одлагање на отпадот таму и воспоставување соодветен надзор и заштита од идно спалување на старата депонија.

2. Одлука во најкраток можен рок за конзервација и дислокација на постоечката дива депонија.

3. Одлука во најкраток можен рок за воспоставување пракса за намалување на отпад и селекција.“, се вели во соопштението.

 

 

Please follow and like us: