Министерството за правда ќе бара измени на Законот за извршување!

Министерството за правда ќе предложи измени на Законот за извршување и Законот за нотаријат, со цел да се намалат трошоците на граѓаните во одредени постапки. Како што за Грин ЦИВИЛ соопштија од Министерството, овие измени се во согласност со Програмата за работа на Владата.

„Согласно со Програмата за работа на Владата во поглавјето ‘Пристап до правдата’, Министерството за правда до Владата ќе предложи законски измени, меѓу кои  и законски измени на Законот за нотаријат и Закон за извршување со цел да ги намали трошоците на граѓаните во постапките пред извршители и  нотaрите“, кусо соопштија од Министерството, без одредници кога ќе се бидат предложени најавените законски измени.

За подобрување на ефикасноста и ефективноста од својата работа, Министерството вчера го формираше и Советот за реформи во македонското правосудство, како дел од агендата на Владата согласно со т.н. акциски план 3-6-9.

Според правниот експерт, професорката Мирјана Најчевска, член на Советот, треба да се изврши измена на регулативата и контролата во реализацијата на извршните решенија да биде во надлежност на судовите, со цел да се спречи печалењето на извршителите на сметка на граѓан(к)ите и побизнисувањето на извршната функција.

А, реакциите на граѓаните не стивнуваат. Тие имаат огромно незаводолство од начинот на којшто се имплементира законската регулатива, но и од работата и третманот на многу извршители.

Коментари на читатели на пејџот на Civil.MK

Според искуствата на граѓаните, поделени и на Civil.MK, Фејсбук пејџот на ЦИВИЛ Медиа, за наплата на долгови од 2000 денари, на граѓаните им се блокираат сметките и им се наплаќа целата плата од 12.000 денари. Митото и корупцијата не се непознати при извршување на оваа функција во Македонија, којашто пак првенствено е формирана со цел да ги заштити интересите на граѓаните.

Според информациите до Уставен суд на Македонија, се покренати преку 25 Иницијативи од јавни претпријатија за измена на новиот Закон за извршители.

Please follow and like us: