Заедничко решение за Клиничкиот центар

Дворот на Клиничкиот центар денеска беше исчистен од група актери и активисти како одговор на вчерашниот повик на актерката Сања Арсовска.

Арсовска изјави дека целта на оваа иницијатива е да ја поттикне совеста кај несовесните граѓани и нивната одговорност кон животната средина, не е да се натпреваруваат со Комунална хигиена.

Директорот на Комунална хигиена, Абдусамед Шабани, како и заменик-министерот за здравство, Асим Муса денеска најавија решавање на проблемот со одржување на хигиената и чистење на дворот на Клинички центар.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека се бара правна рамка парите да одат во јавните претпријатија, односно ЈП Комунална хигиена, а не во приватни фирми.

Акциите за чистење на Клиничкиот центар, според најавите ќе продолжат до конечно решавање на проблемот.

Според активистите, сепак, изутринава Комунална хигиена учествувала во чистење на Клинички центар и ја презела обврската да го одржува до септември, односно, до распишување на тендерот.

Но, сепак, запрашан за долгот на Клиничкиот центар кон Комунална хигиена, заменик-министерот за здравство рече дека се на праг да најдат заедничко решение за проблемот.

Please follow and like us:

This post is also available in: English