7 изненадувачки факти за кризата со која се соочуваат нашите океани

Мртви птици и китови се појавуваат на крајбрежјата со пластика во нивните стомаци. Оставена риболовна опрема, пластични кеси и други предмети се акумулираат во големи закрпи низ океанот. Да не зборуваме за микропластичното загадување на морската средина што не можеме да го видиме.

Количината на пластика која е фрлена во океанот се зголемува и проблемот веројатно само ќе се влошува.
Еве некои вознемирувачки факти за кризата со загадувањето што ги оптоварува нашите океани.

Околу 8 милиони тони пластика секоја година завршува во океаните. Тоа е тежина рамна на близу 90 авионски носачи. Тоа е рамно на истурање на 1 камион со отпадоци секоја минута во океанот. Некогаш таа пластика и останат отпад се собираат на едно место, и формираат океанска отпадна лепешка.

Најголемата океанска отпадна лепешка е во Пацификот помеѓу Хаваи и Калифорнија, која содржи околу 1.8 трилиони парчиња пластика. Тоа е два пати од големината на Тексас или трипати колку Франција.

Повеќе од 1.000.000 милион морски птици и над 100.000 морски цицачи умираат од пластика секоја година.

80% од загадувањето на морскиот живот доаѓа од земјата.

Тоа вклучува истекувања од септички танкери, камиони, фарми и ранчеви, исто како и од масло од автомобилски мотори.

Пластика е пронајдена во океанот на длабочина од 11 километри што значи дека дури и најдалечното место во светот е контаминирано од пластика.

До 2050 година, ќе има повеќе пластика во океаните одколку риби. (по тежина)

А. Мехмети

Please follow and like us: