Ново високо признание за фоторепортерот Личовски!

На македонскиот фоторепортер Ѓорѓи Личовски, соработник на Европската Прес агенција (ЕПА) повеќе од две децении, завчера во Хамбург, му беше доделено признанието - бронзен медал за 2016, на германската Академија Лид (Lead Academy), откако според оценката на жирито, неговата фотографија беше прогласена за трета најдобра објавена фотографија во медиум во Германија, во текот на 2015-тата.

италија

Гевгелија 2015, Кота 205

Високото признание му беше доделено на Личовски (52), кој е eден од доајените меѓу македонските фоторепортери, со триесетгодишна кариера како фоторепортер и уредник на фотографија во разни македонски медиуми. За истата, трогателна фотографија, на таткото и синот – бегалци, на македонско–грчката граница, направена во време на бегалско/мигрантската криза, тој веќе ја освои и првата награда од фондацијата „Марко Лучета“ („Мarco Luchetta Award" 2016) од Италија, за Најдобра објавена фотографија во светот во 2015-тата.

валенсија

„Мarco Luchetta Award" 2016

За фотографијата на двете расплакани деца, одвоени од родителите-бегалци од полицискиот кордон, за време на кризата, Личовски во декември минатата година, во Берлин, ја прими и наградата „Фотографија на годината“ на УНИЦЕФ за 2015.

уницеф

„Фотографија на годината“ на УНИЦЕФ, Берлин 2015

За истата фотографија, Личовски го освои и златниот медал на 12. Меѓународен натпревар за најдобра новинска фотографија од конфликти и војни (China International Press Photo Contest – CHIPP), во Кина, во конкуренција на фоторепортери од повеќе од 70 земји кои учествуваа на конкурсот со над 30.000 фотографии.

кина

Гевгелија 2015, Кота 205

Фотографиите на Личовски во периодот на бегалската криза, беа објавувани на насловните и на внатрешните страници на десетици познати светски магазини и дневни весници, и беа рангирани во изборите на Топ-10 фотографии на „Тајм“ и Топ-20 фотографии на „Гардијан“ за 2015-та.

На барање на организаторите во Италија, Словенија и Шпанија му беа организирани изложби во Реџо Емилија, Марибор и Валенсија.

валенсија1

Валенсија 2015

На Балканскиот фото фестивал во Сараево, БиХ, тој ја доби наградата за најдобар излагач, а ја освои и специјалната награда на „Сони“.

гјоко

Во обраќањето пред присутните во Берлин, по примањето на наградата од госпоѓа Даниеле Штат, Личовски истакна: „Јас искрено се надевам дека нашите фотографии на страдањата на овие луѓе, ќе најдат место во совеста на политичката елита во светот, за таа да се обиде и да помогне во решавањето на проблемот на овие луѓе во земјите од каде доаѓаат. Светот е моќен, сé што е потребно е добра волја. Ниту еден човек, ниту една жена и секако, ниту едно дете, не заслужуваат да ги напуштат своите домови, да патуваат илјадници километри за да можат да се чувствуваат безбедно!“.

со штат

Берлин, 2015

Личовски беше и еден од предавачите на семинарите за граѓански новинари на ЦИВИЛ – Центар за слобода, во проектот „Граѓански објектив“.

CLP

„Граѓански објектив“, Скопје, 2016

ЦИВИЛ му го честита и најновото признание на нашиот соработник Личовски и му посакува уште многу награди за неговото творештво и нови изложби.

Please follow and like us: