ЦИВИЛ: Итни чекори и мерки за спроведување барем делумно слободни избори

ЦИВИЛ – Центар за слобода има долга низа на мерки и процеси кои се однесуваат на подобрување на изборните процеси во земјата воопшто, но и конкретни чекори и мерки кои мора итно да се спроведат, со цел да се создадат минимум услови за барем делумно слободни и кредибилни избори на 11-ти декември.

ЦИВИЛ со години предлага спроведување серија мерки и реформи, преку објавување соопштенија, извештаи, анализи, публикации, како и преку бројните јавни настани. Оваа активност е особено засилена од февруари 2015 година. Во септември 2015-та, ЦИВИЛ направи краток преглед на своите препораки во текстот „Случај Македонија: да се потсетиме“, а публикацијата „Слободни избори: Услов за кој не се преговара“ е опсежен извештај за едногодишното сеопфатно набљудување на состојбите во Република Македонија.

Во пресрет на посетата на еврокомесарот Јоханес Хан, ЦИВИЛ ја потсетува меѓународната и домашната јавност на следните ставови и препораки:

ЦИВИЛ констатира дека услови за слободни избори не се создаваат, поради континуирани и систематски злоупотреби од владејачките партии, како и поради неуспехот да се имплементираат соодветни реформи во клучните институции во земјата.

Но, ЦИВИЛ цврсто стои на ставот дека не постојат услови ни да се одложат изборите закажани за 11-ти декември 2016, поради фактот што повторното одложување на изборите ќе ја дестабилизира земјата и само ќе ја продлабочи и мултиплицира кризата на сите нивоа и во сите области.

Прес конференцијата на ЦИВИЛ на 6 април 2016 г.

Прес-конференцијата на ЦИВИЛ на 6 април 2016 г.

Затоа, мора да се создадат правни и политички услови за непречена работа на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), да се формира Специјален оддел на Кривичниот суд поврзан со случаите на СЈО и да се формира специјална полициска единица чија задача ќе биде поврзана со работата на овие институции.

Мора да се спроведе итна деполитизација и понатамошни реформи на Државната изборна комисија и на нејзините органи и тела.

Мора да се обезбедат максимални услови секој гласач да го искористи правото на глас и да се спроведат дополнителни чекори за ревизија на Избирачкиот список.

Мора итно да се спроведат понатамошни реформи во медиумите и на јавниот сервис, базирани врз препораките на медиумската заедница, на поранешниот медијатор Питер Ванхауте, кој беше широко поддржан од граѓанското општество меѓу кои и ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Please follow and like us: