ЗНМ: Нападот врз новинарот Беловски е оркестриран од структури во МВР!

По повод физичкиот нападв рз новинарот на ТВ Телма, Павле Беловски, додека ја извршуваше својата професионална должност пред објектот на МВР, Управниот одбор на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) испрати соопштение до јавноста, во кое потенцира дека нападот врз репортерот е смислен атак врз слободата.

„Здружението на новинарите на Македонија остро го осудува физичкиот напад врз новинарот на телевизија Телма, Павле Беловски, кој вчеравечер пред Министерството за внатрешни работи беше нападнат со тупаници и клоци од лице со криминално досие, додека известувал за увидот на Специјалното Јавно обвинителство во Управата за безбедност и контраразузнавање за аферата за прислушување.

Нападот на новинарот Беловски е смислен атак врз слободата на медиумите оркестриран од одредени структури на МВР, кои сакаат да ги одвратат новинарите да известуваат за нивните опструкции на истрагата на СЈО.

Дали инспираторите на синоќешниот напад се истите структури на МВР кои во исто време прават опструкции врз истрагата на СЈО во УБК и дали истите структури стојат зад досегашните нерасветлени напади врз новинари? Јалови се обидите преку напади и заплашување на новинари да се попречи и избегне правдата.

Го поздравуваме брзото приведување на насилникот и бараме од МВР случајот да се расветли до крај и да се поднесат кривични пријави против насилникот и неговите инспиратори.

Го посетуваме министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека помина една година откако даде јавно ветување дека ќе работи на расветлување на сите напади против новинари. ЗНМ досега има регистрирано 35 напади против ноцвинари. Ниеден од нив не е расветлен,
ниту пак некој од насилниците е казнет“, се вели во соопштението на Управниот одбор на ЗНМ.

 

Green CIVIL

FREE
VIEW