ЦИВИЛ го отвори подиумот за повеќе експерти, претставници на политичките партии, синдикатите и организациите на граѓанското општество кои се занимаваат со човекови права и со социјална правда, да проговорат за злоупотребите на социјалната правда за изборни цели во пилот проектот „Ветувања и злоупотреби“ кој се спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел, канцеларија во Сараево.
Општествено – политичкиот систем е нокаутиран, а со тоа се нокаутираат и сите вредности во кои може да се негува и развива демократијата и владеењето на правото. Затоа, широко распространетата шема на злоупотреби на очекувањата на граѓанките и граѓаните, без оглед на тоа колку е очигледна бескрупулозната измама и криминалот, изгледа како нормална и секојдневна појава. Тоа подразбира дека ветувањата за нешта што веќе им припаѓаат на граѓанките и граѓаните, според Уставот и законите, се припишуваат на милоста на Партијата која се однесува како стопан на животот, приватноста и стремежите на луѓето. Поделбите на подобни и неподобни стануваат критериум за тоа кој ќе добие социјална помош или работно место за мизерна плата и тешки услови, стануваат врвен дострел на социјалната политика на владејачките структури.
(Џабир Дерала, ЦИВИЛ)
ЦИВИЛ – Центар за слобода ја објавува оваа анализа за злоупотребата на социјалната правда за изборни цели која произлезе од проектот „Ветувања и злоупотреби“ кој се спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел – канцеларија во Сараево.
Заклучоците и анализите кои ЦИВИЛ ќе ги објавува и во овој проект се засновани, меѓу другото, на извештаите на мониторингот на ЦИВИЛ во проектите за изборен мониторинг „Напред!“, финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа и „Набљудуваме“, финансиран од Амбасадата на САД, како и прилозите на бројните граѓански новинарки и новинари во проектот „Граѓански објектив“, финансиран од National Endowment for Democracy.
#СоцијалнаПравда | #DrejtesiSociale | @CivilMacedonia | @hbs_sarajevo