Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

На минусни температури, студен бетон за постела

01/12/2016
in АКТУЕЛНО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
На минусни температури, студен бетон за постела
Share on FacebookShare on Twitter

Малолетно момченце овие студени ноќи, кога температурите паѓаат под нулата, ги минува во трговскиот центар „Гарнизон“ во Куманово. Од парталави ткаенини собрани од контејнерите, си направило постела на едно од одморалиштата меѓу скалилата на објектот. Во неподносливиот студ во осамените ноќи, полни со отсуство на реална љубов и грижа на блиските, но и соодветна социјална заштита од државата се обидува да се стопли, покривајќи се со старо ќебе.

Со недоверба кон минувачите, оние добронамерните, ова момченце се повлекува, при секој обид да се стапи во контакт со него.

Малолетник ноќите ги минува на бетон во „Гарнизон“
Малолетник ноќите ги минува на бетон, во трговски центар во Куманово

„Му пријдов, нежно го разбудив, сакав да му го дознаам барем името, сакав да му помогнам. Но, не успеав. Се исплаши, се оддалечи од местото каде што го затекнав, од бетонските плочки каде што спиеше, каде што смрзнуваше. Оваа слика се повторува речиси секој втор ден на истото место“, вели Ерјона Сулејмани, граѓанска новинарка на ЦИВИЛ.

Таа се обратила до Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Куманово, со цел да го пријави овој и да добие информации уште колку случаи на бездомници има во Куманово и кои мерки се преземаат. Но, ѝ било сугерирано, писмено да се обрати до институцијата надлежна за социјална заштита на граѓаните.

И покрај пријавата на Сулејмани, центарот не презел конкретни мерки за овој случај. ЦИВИЛ се обрати денеска во Министерството за труд и социјална политика, со цел да добие одговор за овој случај.

„Бидејќи денеска е неработен ден, одговорот ќе го добиете утре“, ветија од одделот за односи со јавност во Министерството.

Поранешниот министер Диме Спасов, најави жестока битка со питачењето, поточно целосно згрижување на овие граѓани,со нивно повлекување од улиците. Но, овие мерки не вродија плод. Питачи, бездомници, граѓан(к)и кои се на работ од својата егзистенција се среќаат во секој град, во секое населено место.

Социјалната заштита и грижа за граѓан(к)ите е на многу ниско ниво. Кои мерки ќе ги преземе новата министерката Фросина Ременски и колку тие ќе имаат ефект во подобрување на вкупната социјална слика во Македонија ќе покаже иднината.

Моника Талеска  

 

Tags: бездомнициДиме СпасовКумановомалолетник спие во трговски центарМТСПМЦСРсоцијална негрижаФросина Ременски
CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW