Починати лица во Тетовско, „примале“ социјална помош

Во 134 предмети поточно за утврдени 134 починати лица од Тетово и Тетовско и по нивната смрт течела неоснована исплата на средства од Буџетот на МТСП. Поради вакво постапување на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа од Тетово е извршена неоснована исплата на 1.818.996 денари или близу 30 илјади евра. А, тројца од 134-те починати лица за кои продолжило правото на туѓа нега и по нивната смрт, се уште фигурираат во Избирачкиот список, за што ќе биде известено  МВР и ДИК.

„Како министер кој продолжува да се грижи за законитоста во работењето на јавните установи за социјална заштита и на Министерството ги преземам сите неопходни мерки за уврдување на одговорност,преку соодветни пријави до надлежните инстиуции и преку воспоставен систем на контрола, особено во овој период. Со јавноста ќе ги споделиме сите незаконитости кои ги утврдивме преку законски спроведени постапки и обврски за надзор. Јавноста мора да дознае, како се злоупотребувале личните податоци на граѓаните, како се уништувала документација, поради прикривање на финансиски злоупотреби, како фиктивно и реално се делеле решенија како изборно ветување, со други зборови кажано - колкава била негрижата за чесното работење на одговорните за тоа“, изјави денеска министерката Фросина Ташковска Ременски.

Во моментот, како што истакна, МТСП води повеќе внатрешни постапки за утврдувањ на ваков тип злоупотреби, независно од постапките, што ги води СЈО, а со кое продолжува соработката во интерес на вистината и заштита на интересите на граѓените.

Вонредниот инспекциски надзор во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Тетово се спроведувал шест дена, во присуство на директорот на раководителот на одделението за парични давања и двајца стручни работници. Комисијата прегледала 234, од нив 194 предмети на корисници на паричен надоместок за помош и нега од друго лице или познато како право на туѓа нега.

М. Талеска

 

Please follow and like us: