Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

„За нас се работи“: Утре блокади на патот за Новаци и РЕК-Битола!

30/11/2016
in АКТУЕЛНО
„За нас се работи“: Утре блокади на патот за Новаци и РЕК-Битола!
Share on FacebookShare on Twitter

Двочасовна блокада (од 15 до 17 ч.) на патниот правец кон општина Новаци и РЕК-Битола, за утре, први декември, најави битолското граѓанско здружение „За над се работи“, во знак на протест, поради алармантната состојба со аерозагадувањето во регионот од една и пасивноста на локалната и централната власт од друга страна.

Под мотото „Битола се задушува, Битола умира!“, иницијаторите на граѓанскиот протест, од здружението „За нас се работи“, ултимативно бараат од Општината и од Владата, итни мерки за решавање на проблемот што ги засега сите битолчани: субвенционирање на електричната енергија до спроведување на гасификацијата и спроведување режим на сообраќај во централното градско подрачје. Ако барањата не им бидат исполнети, иницијаторите најавуваат радикализација на протестите и целосна блокада на патот,што води кон РЕК „Битола“.

logo-protst-bitola1

„Во изминатите години и протестиравме и меморандуми потпишувавме и зборувавме со политички партии и со носители на одлуки, но резултат за аедрозагадувањето во Битола – нема. Како израз на краен револт, тоа што можеме ние граѓаните да направиме е токму – блокирањето на патниот правец Битола – РЕК. Ова е во корист на граѓаните, на нас, коишто живееме во Битола и коишто постојано се задушуваме“, изјави за медиумите, Илија Балтовски од „За нас се работи“.

На прашањето за можноста, иницијаторите да бидат обвинети за политизација, поради тајмингот во кој ќе се одвиваат протестите, ден по пропагандната акција на власта – „Ден на дрвото“ и среде предизборна кампања,Балтовски вели дека има само еден приоритет за битолчани.

„Ако на политичарите им се приоритет изборите, нам, на граѓаните, приоритет ни е животот! Нас не интересира да се спроведат мерките што побрзо, затоа што нема повеќе каде. Сите сме притиснати до ѕид!“

Tags: аерозагадувањеБитолаЗа нас се работиизбориПротестРЕК Битола
CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW