Над 1000 граѓани годишно умираат, само од аерозагадување

Изутрината е регистрирано многу високо ниво на загаденост во Скопје. Податоците од Министерството за животна средина, кои се однесуваат на квалитетот на воздухот, покажуваат многу високо ниво на ПМ 10 честички во Лисиче, Гази Баба, Центар и кај Ректоратот. Освен во главниот град, енормно загадување на воздухот е регистрирано и во повеќе градови во државата.

deponija-kichevo

Висока контаминација на воздухот покажуваат и мерните станици во Битола, Кичево и Тетово. Иако во Прилеп, нема мерна станица, сепак аерозагадувањето е големо.

Аерозагадувањето во Македонија е на алармантно ниво. Суспендираните ПМ 10 честички достигнуваат и до 1000 микрогранули на м2, наспроти дозволените 50 микрогранули.

Медицинските стручњаци секојдневно апелираат, граѓаните особено хроничните болни да не излегуваат од домовите без потреба. А, на сите граѓани им се препорачува ограничен престој надвор, зашто последиците по здравјето се огромни и стануваат видливи за многу краток период.

И покрај апелите, ниту локалните ниту централната власт не преземаат конкретни мерки за да се санира оваа состојба, со далекусежни последици. Државата нема механизми, кои ќе придонесат за нормализирање на состојбите. Употребата на разни огревни материјали (кои ослободуваат секакви токсини во воздухот), од страна на илјадници семејства кои се наоѓаат на раб на егзистенција, непримената на законската регултива од страна на фирмите, кои мора да имаат екодозволи,но и нерешените проблеми со дивите депонии секаде во државата, придонесуваат Македонија во 21 век, да ги „труе“ своите сограѓани.

Еколошките здруженија и екоексперти денеска во Скопје ја одржаа првата научна Конференција посветена на аерозагадувањето.

„Аерозагадувањето учествува со 20 до 25 отсто во редицата фактори што предизвикуваат срцеви инфаркти, и инсулти кои се најчести заболувања. Годишно како последица на аерозагдувањето умираат од 1000 до 1200 граѓани“, изјави проф. д-р Трајче Стафилов од Природно математичкиот факултет во Скопје.

„Согорувањето на фосилните горива се најголеми извори на загадување. Било да се тие контролирани или неконтролирани. Неконтролираните се пред сѐ во домаќинствата, но и на депониите имаме неконтролирани согорувања.Таквите извори се најголеми,но и најопасни“, вели Срѓан Ѓорчев од Институтот за јавно здравје.

На европската скала за стапката на смртност од ПМ10 канцерогените честички, Македонија се наоѓа на високо петто место.

М.Талеска

 

 

 

Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW