Скопјани утре ќе протестираат против аерозагадувањето

Утре (понеделник, 5 декември) во 17 часот, пред бараките на администрацијата на Град Скопје ќе се одржи протест во знак на револт против енормното загадување на Скопје и отсуство на адекватна реакција на надлежните. Организатори на протестот се граѓанските иницијативи:„Скопје смог аларм“, „Скопје бара чист воздух“, „Ајде Македонија“, „Сакаме Аеродром да дише“, „Но пасаран“ и „Во одбрана на Дебар-маало“.

protest-zagaduvanje-512

„Сите досегашни мерки и стратегии понудени од институциите и од Град Скопје не дадоа резултат. Потфрлија и нивните ветувања дека ќе се дознаат загадувачите, ќе се најдат причините, ќе се преземат сите неопходни законски мерки и граѓаните на Скопје ќе бидат поштедени од понатамошно труење. Скопје и понатаму неконтролирано се урбанизира, се промовира автоцентричниот пристап – автомобилите имаат првенство пред јавниот превоз, велосипедите и пешаците. Се затвораат очите на надлежните институции пред очигледното и документирано незаконско работење на скопските индустриски објекти, дивите депонии, како и домаќинствата, кои во време на економска криза и ниска свест, користат крајно сомнителни суровини за загревање“, соопштуваат граѓанските организации.

Организаторите на протестот, бараат итни мерки за намалување на аерозагаденоста, но инсистираат и да се донесе долгорочен план за решавање на оваа екокатастрофа.

 

 

 

Green CIVIL

FREE
VIEW