Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Притисоци врз новинарот Милошески, опожарена вратата на гаражата!

25/01/2017
in Uncategorized
Притисоци врз новинарот Милошески, опожарена вратата на гаражата!
Share on FacebookShare on Twitter

Опожарен е влезот од гаражата од новинарот дописник, Зоран Милошески, сопственик на порталот „Публикум“, половина час пред полноќ. Како што потврди СВР Битола, причинета е мала материјална штета, а се трага по сторителот.

„Непознат сторител истурил запалива течност пред влезот од гаражата на новинарот. Распламтениот оган го забележал соседот и тој го пријавил случајот во прилепската полиција. Извршен е веднаш увид. Констатирано е дека не се причените материјални штети во гаражата во која што се наоѓало возилото. А, во непосредина близина на гаражата имало паркирани и други возила. Но, соседот сам со снег го изгаснал огнот, што го забележал.Истрагата е во тек. Досега не се откриени можни сторители на настанот“,изјави Сања Стаматовска, портпарол на СВР Битола за ЦИВИЛ Медиа.

Новинарот Милошески не може да посочи на конкретен сторител.

„Точно е дека сум се соочил во закани досега. Ми праќале пораки, ми ѕвонеле со скриени телефони, ми се заканувале преку други луѓе. Сум пријавувал и во полиција.  Но, до денеска не се случило ништо конкретно“,вели Милошески.

Во прилепската локална средина Милошески е редок новинар со остро перо. Освен што е сопственик на критички настроениот портал „Публикум“, тој е дописник на неделникот „Фокус“, на порталот “Слободна Македонија“, а добитник е и на награда за најдобра сторија на граѓански новинар што ја доделува ЦИВИЛ -Центар за слобода во рамките на проектот „Граѓански објектив“.

Моника Талеска

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW